Резултати за пребарувањето: а
бабун 2 | м.
(зоол.) Вид мајмун, павијан.
такси | ср.
Услужно превозно средство, автомобил со кој се врши превоз на патници и прирачен багаж за определена цена.
стрча | св.
Дојде, стигне со трчање; дотрча. Стрча во приемната соба 2. Забрзано се упати негде; потрча. Девојката стрча по скалите.
залог 1 | м.
Вреден, драгоцен предмет или имот што се заложува за извесно време заради заем во пари. Накитот го даде како залог.
кајче | ср.
Дем. од каик. Рибарско кајче.
суват | м.
Летно планинско пасиште; водопој.
сукар | м.
Дебел, повеќе пати усукан синџир.
затор | м.
Уништување, сотирање. Безмилосен затор.
сукња | ж.
залов | м.
Вид прибор за риболов.