Резултати за пребарувањето: а
вепар | м.
Машка дива свиња.
монах | м.
Лице што се откажало од световниот живот и се посветило на религиозна служба; калуѓер. Монахот се повлече во ќелијата. Монасите се посветувале на молитви и искушенија.
балта | ж.
кварт | м.
Дел од градот, градска четврт, реон. Таа живее во новиот кварт од градот.
венча | св.
Склучи брак, изврши чин, обред на стапување во брак. Попе, ти нас ќе нè венчаш.
рунда | ж.
(спорт.) Во боксот ‒ определено време за еден дел од борбата. Нашиот боксер победи во втората рунда со нокаут.
мега- | претс.
Како прв дел од сложени зборови со значење: а) Голем, силен: мегафон и сл.; б) Милион пати поголем од мерната единица што е втор дел на зборот: мегабајт, мегават, мегатон, мегахерц и др.
бајче | ср.
Детски назив за јагне. Бело бајче. Рипкаат бајчиња.
балон 2 | м.
Голем стаклен сад за течност (обично оплетен со прачки). Држеше в раце балон од десетина литри. Од искршените балони се цедеше вино.
руина | ж.
Остаток од тоа што пропаднало, што се урнало, што се растурило; урнатина. По бомбардирањето, од градот останаа само руини.