Резултати за пребарувањето: а

мутав 1 | м.

Постилка или покривка од козина. Го покри со парче мутав. Долго го ткаеше невестинскиот мутав.

варен 2 | прид.

Што е од вар. Варни соли.

'ркач | м.

Лице што 'рка.

клада | ж.

Голем куп од дрва наредени за палење оган. Носат цепеници, трупци и прават клада.

рецка | несв.

Прави рецки, реже, делка. Тој го рецкаше дрвото со длето.

мулак | м.

Муле мажјак.

решка 2 | ж.

Дел од метална пара (монета) каде што е прикажана вредноста (петка, писмо).

клапа 2 | ж.

Преграда на срцето, преку која се регулира движењето на крвта низ телото, залисток.

зарад | предл.

клање | ср.

Глаголска именка од коле; колеж.