Резултати за пребарувањето: а
кавтан | м.
потаен | прид.
Што не се знае, што се наоѓа во тајност, скриен, скришен. Сепак некаква потајна надеж тлееше во него. Скитаа низ потајните катчиња на планините. Ја полнеше душата со огорченост и потаен протест.
засјае | св.
Почне да сјае. Засјаија сончевите зраци. Очите ѝ засјаија во темнината.
посрка | св.
Сркне малку, не исрка сѐ. Посрка неколку лажици од супата и стана.
глагол | м.
Вид менлив збор што означува дејство или состојба: оди; спие; пее; тагува и сл.
главуш | м.
липало | ср.
Кожинче што го отвора и го затвора влезот на воздухот во гајдата.
потажи | св.
Тажи, жали некое време.
главуч | м.
(пејор.) Човек со голема глава. Го викавме главуч зашто имаше голема глава.
лингар | м.