Резултати за пребарувањето: а
затаен | прид.
Што е скриен, прикриен. Затаен данок. Затаен живот.
гепард | м.
Вид диво животно со дамки по телото, со високи нозе и со мала глава, познато како најбрзо, од фамилијата мачки, распространето во Африка и во Југозападна Азија; Acimonyx jubatus.
почува | св.
Чува некое време. Го почувавме ранетиот кај нас.
затажи | св.
Почне да тажи. Таа затажи на глас.
почмае | св.
Чмае малку, кратко време.
почука | св.
Потропа; потапка. Некој тивко почука на вратата. Тој го почука по рамото.
пошета | св.
Шета малку, кратко време. Пошета низ собичето и си легна.
лојоса | св.
а) Стане дебел. Целиот лојосал. б) Направи со многу лој. Ја лојоса манџата.
затала | св.
заофка | св.
Почне да офка. Заофкаа ранетите војници.