Резултати за пребарувањето: а

почува | св.

Чува некое време. Го почувавме ранетиот кај нас.

поштар | м.

Службеник што работи во пошта. Друштво на поштарите.

кајман | м.

Вид крокодил распространет во Средна и Јужна Америка; Caiman crocodilus.

поцрта | св.

Црта малку, кратко време.

поцица | св.

Цица малку, кратко време.

почади | св.

Чади кратко време. Оџакот почади некое време.

избаца | св.

Извалка, избербати нешто.

биланс | м.

(екон.) Состојба на приходите и расходите за определен период. Годишен биланс. Позитивен биланс. Трговски биланс. Платен биланс.