Резултати за пребарувањето: а
пошета | св.
Шета малку, кратко време. Пошета низ собичето и си легна.
почива | несв.
одмора Тие имаат навика да си почиваат попладне.
почита | св.
Чита малку, кратко време. Почита и заспа.
почека | св.
Чека малку, некое време. Го почекав пред влезот на зградата.
почеша | св.
Чеша малку. Го почеша по грбот.
почмае | св.
Чмае малку, кратко време.
пошиба | св.
Шиба, удира, бие малку, кратко време. Тој го пошиба коњот.
извари | св.
Изврие, испари. Супата изварила.
армира | св. и несв.
Направи, прави метална конструкција на градежен објект, постави, поставува арматура. Секоја рамка ја армираа со повеќе редови поцинкуван тел. Тие ги армираа и страничните ѕидови за да ја зацврстат градбата.
поцрта | св.
Црта малку, кратко време.