Резултати за пребарувањето: а
кактус | м.
Многугодишно пустинско растение (се одгледува и како собно цвеќе), со дебело и сочно стебло, обрастено со боцки наместо лисје. На прозорецот стоеја неколку саксии со кактуси.
почади | св.
Чади кратко време. Оџакот почади некое време.
почека | св.
Чека малку, некое време. Го почекав пред влезот на зградата.
гашник | м.
армаса | св.
Посврши; направи свршувачка. За Велигден соседите ја армасаа ќерката.
почеша | св.
Чеша малку. Го почеша по грбот.
затера | св.
Почне да тера; да гони. Овчарот ги затера овците на пасење.
калаен | прид.
Што е од калај, што е калаисан. Калаени садови.
похота | ж.
Претерана, неумерена полова страст; сладострастие. Неговиот живот е полн со телесни похоти.
запека | св.
Почне да пека, да моли, да преколнува за да добие нешто. Детето запека за нова играчка.