Резултати за пребарувањето: а

прасна | прид.

За свиња ‒ што носи плод, што треба да се опраси. Оваа свиња е прасна

манија | ж.

(мед.) Психичко заболување коешто се манифестира со болна обземеност од некоја идеја и се карактеризира со нагли премини од еуфорични во депресивни состојби и обратно.

залеби | св.

За жито и сл. – фати леб, заврзе плод. Житата залебија.

капела 1 | ж.

Мала црква со еден олтар.

капела 2 | ж.

Шапка, обично женска. На главата имаше тантелена капела.

залева | несв.

заземе | св.

Завладее, освои нешто (територија, град и др.) со војна, со борба. Борците на јуриш го зазедоа селото. Непријателот се обидуваше да ги заземе нашите позиции.

раздел | м.

Дел од некаква целина. Го повлече вториот раздел од орозот. Едниот лак на разделот од островцето беше модар, а другиот зелен.

зазема | св.

Почне да зема нешто; Без да праша, зазема од поставените јадења.

газест | прид.

Што има голем газ. Газлеста жена