Резултати за пребарувањето: а
мазиво | ср.
Средство за подмачкување машини (масло и сл.).
каната | ж.
Земјен сад за вода и за други течности со широк отвор и со рачка.
гегало | ср.
Човек што се гега; ганѕало.
маслар | м.
Производител на или трговец со масло.
првпат | прил.
Прв пат, момент, почеток на нешто што не е претходно доживеано, искусено, што не се случило, што не се појавило до тој момент. Тој за првпат беше во селото. За првпат тие видоа воз. Првпат слушам за ова.
залудо | прил.
Залудо трошиш пари.
превал | м.
Ниско место меѓу две височини, ридови и др. низ кое поминува пат; преслап. Се искачивме до превалот. Планински превалец
предач | м.
Тој што преде. Добар предач.
мажјак | м.
Животно од машки пол; Мажјаците ги чуваа за расплод.
прашок | м.
Многу ситни честички од некоја тврда материја во облик на прав. Прашок за перење. Прашок за печиво. Купи лек во прашок. Ја запраши почвата со прашоци.