Резултати за пребарувањето: а
макета | ж.
Минијатурен модел на градба, машина и сл. верен на оригиналот.
мачило 2 | ср.
Кот од мачка. Мачилото го фрлија во вода.
препка | ж.
Подметната нога или друга пречка за препнување, сопка. Без препка да ме кутнеш, ако можеш! Препка сламка да ти стане, та нога да скршиш!
препса | св.
гавран | м.
Вид птица со црни сјајни пердуви и силен клун; Corvus corax.
изниша | св.
Ниша многу, доволно. Го изниша детето на нишалката врзана за крушата во дворот.
кариес | м.
Заболување што доведува до уништување, разјадување на коскените ткива на забите.
макара | ж.
Дрвено или метално тркало низ кое се провлекува јаже и служи за подигање товар; скрипец.
преран | прид.
Премногу ран, предвремен. Прерана смрт.
преспа | ж.
Дебел слој од снег навеан, натрупан на едно место. Ветриштата натрупуваат високи преспи снег.