Резултати за пребарувањето: а

пулсар | м.

Неутронска ѕвезда која емитира правилни импулси на радиобранови.

маршал | м.

Највисок воен чин во некои држави, повисок од генерал.

Масеру | ср.

Главен град на Лесото.

пусула | ж.

Писмо, книвче, потврда, белешка. Му даде една пусула. Доби пусула за престојување во градот.

задржи | св.

Запре, спречи движење на некого или на нешто, направи да застане; сп. држи 12. Го задржа детето да не оди кон реката. Мораме да го задржиме непријателот на истите позиции. Таа сакаше да избега, но јас ја задржав со рацете.

мартир | м.

Сведок.

Марсеј | м.

Град во Франција.

заусти | св.

Отвори уста да каже. Заусти да каже, но се прекина. Само се накашла, не успеа да заусти нешто.

вшмука | св.

Со шмукање, со вовлекување (течност, воздух и сл.) влече во себе или во нешто. Вшмука бензин.