Резултати за пребарувањето: борец
борец | м.
Учесник во борба. Тие биле неразделни другари и бестрашни борци.
неборец | м.
Воено лице што не е вклучено во борбена единица, а е определено на помошна, неборбена должност (припадник на административна и заднинска служба) и граѓанско лице кое придружува вооружена единица (санитет, свештеник и сл.).
соборец | м.
Другар во заедничка борба. Се сети на своите другари и соборци.
кршоборец | м.
Подбивен назив за луѓето од Мариово поради тоа што се занимавале со продавање на борина. Што правите вие, бре кршоборци, по планината?
првоборец | м.
Тој што ја поведува борбата, што е меѓу првите, временски најстари учесници. Во првиот напад загинаа тројца првоборци.
иконоборец | м.
Лице што е приврзаник на иконоборството; иконокласт. Климент ја изнесува победата на Кирила над иконоборците.