Резултати за пребарувањето: брод
брод 2 | м.
Превозно средство што се движи по вода; кораб. Товарен брод. Рибарски брод. Патнички брод. Воен брод.
брод 1 | м.
Премин преку река каде што е водата поплитка. Длабоко море брод нема / убава Јана род нема.
Брод | м.
Село во областа Гора, Косово;
броди | несв.
Плови. Домородците бродеа по океанот со примитивни кораби.
брода
Зборот е поврзан со:
оброди | св.
Даде многу род, роди, народи нешто во голем број. Јаболкницата обродила / на една ветка пет јаболка.
бродат
Зборот е поврзан со:
бродар | м.
Тој што работи со бродови, на кој му е струка бродарството. Од четиристотини бродари, во трпезаријата беа на ручек педесетина.
доброди | св.
Пристигне пловејќи. Бродот наш ќе доброди по мирни води.
заброди | св.
Почне да броди; броди Забродија по синото море.