Резултати за пребарувањето: везе

привезе | св.

Навезе уште малку, со везење дополни вез. Ќе привезам поситен народен вез на ракавите.

превезе 2 | св.

Пренесе некого или нешто од едно место на друго со помош на превозно средство; транспортира. Ги превезе децата преку реката со кајче. Ги превезоа доматите до фабриката со камион.

превезе 1 | св.

Извезе повторно, уште еднаш. Ја превеза целата шара на чаршафот.

ѓувезен | прид.

Темноцрвен. Ѓувезни гајтани. Ѓувезно предено.

увезен

Зборот е поврзан со:

везениот

Зборот е поврзан со:

доизвезе 1 | св.

Заврши, доизработи нешто со везење. Таа го доизвезе гобленот.

изнавезе | св.

Навезе многу, во доволна количина. Изнавезе чаршафи и пернички за ќерките за чеиз.

везете

Зборот е поврзан со:

доизвезе 2 | св.

Извезе во друга земја нешто до крај, заврши со извозот на некоја стока. Ги доизвезовме и преостанатите неколку тона пиперки.