Резултати за пребарувањето: вечера

вечера | св. и несв.

Јаде вечера, последен оброк во денот. Ние во летно време вечераме на чардак. Тој вечера набрзина.

вечера | ж.

Оброк што се зема навечер. Вечерата беше сервирана на терасата.

довечера | св.

Заврши со вечерата. Некаде пред да довечераат, таа го сети на себеси погледот на татка си.

завечера | св.

Почне да вечера. Се собраа сите околу трпезата и завечераа.

вечераат

Зборот е поврзан со:

вечерава | прил.

Во текот на оваа вечер. Вечерава ќе имаме гости.

вечерање | глаг. им. ср.

Зборот е поврзан со:

провечера | св.

Вечера набрзина, за кратко време. Тој беше уморен од патот, провечера и си легна. Не му се јадеше, но провечера колку да помине редот.

вечерашен | прид.

Што се однесува на оваа вечер. Вечерашната претстава. Жената го сипа измолзеното вечерашно млеко во крблата и го покри со цедилото.