Резултати за пребарувањето: вран

вран | прид.

Што има сјајна црна боја. Вран коњ. Врана коса.

врани

Зборот е поврзан со:

врана | ж.

Вид птица со црни или сиви перја која живее околу населени места; Corvus cornix. Една врана леташе над езерото. На гранките се собираат јата црни врани.

гавран | м.

Вид птица со црни сјајни пердуви и силен клун; Corvus corax.

вранин | прид.

Што се однесува, што ѝ припаѓа на врана. Вранино јајце.

вранец | м.

Вран, црн коњ. Човекот го јаваше тенконогиот вранец. Кочијата ја влечеа два вранци.

вранци

Зборот е поврзан со:

враноса | св.

Поцрни. Сончогледите беа враносани.

вранест | прид.

враниот

Зборот е поврзан со: