Резултати за пребарувањето: глас

гласник | м.

Известувач, пренесувач на гласови, на вести. Преку гласник било известено дека жена му родила две дечиња.

нагласи | св.

Договори, среди нешто, некоја работа. Не грижи се, ќе ја нагласиме таа работа.

гласање | глаг. им. ср.

Зборот е поврзан со:

гласачи

Зборот е поврзан со:

изгласа | св.

Изврши гласање; Парламентот го изгласа законот.

согласи | св.

Сложи, доведе до усогласеност. Судијата ги согласи двата предмети. Таа ги согласи двата документи.

огласен | прид.

Што се однесува на оглас

проглас | м.

Писмено или усно јавно известување; објава; прокламација.

преглас | м.

Промена на бојата на глас, самогласка под влијание на соседниот глас.