Резултати за пребарувањето: год

што-годе | зам.

Неопределена именска заменка за посочување нешто неопределено, што и да е, што било, сеедно што. Зборува што-годе. Направи што било само да го спасиме детето. Дај ми што-годе да каснам, изгладнев.

благодат

Зборот е поврзан со:

непогода | ж.

Лошо време, невреме, стихија. Заштита од елементарни непогоди.

згодниот

Зборот е поврзан со:

незгоден | прид.

Што не е згоден; неудобен, непријатен, несоодветен. Незгоден стол. Незгодна работа. Незгоден случај. Незгодно време.

негодува | несв.

Искажува незадоволство, несогласување; протестира. Рударите негодуваа на лошите услови за работа.

благодат | м.

(црков.) Благослов, милост што се бара од Бога; божји дар. Божји благодат. Архиерејот побара благодат и мир од Господ Бог. Благодат од небеса. Изговорен благослов носи благодат во животот.

неугоден | прид.

Што не е угоден; неудобен, незгоден, непријатен. Неугодна положба. Неугодна тишина.

угодничи | несв.

Се подлизува. Му угодничи на мајсторот.

спогодба | ж.

Постигната заемна согласност, договор околу нешто спорно; 1 а). Постигне спогодба. Меѓународна спогодба. Нарушување на спогодбата.