Резултати за пребарувањето: доза
доза | ж.
Количество лек или друга супстанција што се зема во определен период по рецепт или по потреба. Лекарот ми препиша дневна доза таблети. Едно момче почина од преголема доза хероин.
дозакопа | св.
Заврши со закопувањето сосема, закопа нешто што не било добро закопано. Го дозакопав ковчежето што ѕиркаше од под сувите лисја.
дозалепи | св.
Заврши со лепењето сосема, залепи нешто што не било добро залепено. Ги дозалепив фотографиите во албумот за да не се изгубат.
дозамеша | св.
Замеша нешто сосема, до крај.
дозапали | св.
Запали нешто до крај.
дозаврти | св.
Заврти до крај нешто што не било добро завртено.
дозатвори | св.
Затвори нешто сосема. Чуварот ја дозатвори портата.
дозапетла | св.
Запетла нешто до крај. Девојката ја дозапетла кошулата.
дозапусти | св.
Запусти нешто до крај. Го прекрои фустанот и го дозапусти.
дозавртат
Зборот е поврзан со: