Резултати за пребарувањето: еж
снежен | прид.
Што е од снег. Снежен човек. Снежна топка. Снежна покривка. Снежни наноси 2. Што е покриен со снег. Снежен рид. Снежни височини.
стежер | м.
зажеже | св.
Почне да жеже; Железото ми ги зажежа рацете. Сонцето зажежа.
режало | ср.
Предмет (метален, дрвен, пластичен) во форма на нож што служи за режење, сечење и сл. Украсени метални режала. Пластично режало.
листеж | м.
крадеж | м.
обреже | св.
Изреже, исече краишта на нешто, обично вршки, гранчиња на растение. Тој ги обрежа јаболкниците во дворот.
ежи се | несв.
За животно – е во состојба на надразнување така што влакната, пердувите му се креваат нагоре како боцките на еж.
бакнеж | м.
Допир, доближување на усните во знак на љубов, пријателство, почит кон некого или кон нешто. Долг бакнеж. Бакнеж в чело. Илјада бакнежи. Врел бакнеж.
растеж | м.
Процес на развој на живите организми, растење. Во процесот на растежот овие организми минуваат низ пет фази.