Резултати за пребарувањето: есен

внесен

Зборот е поврзан со:

небесен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на небото. Небесен свод. Небесни тела. Небесна синевина.

почесен | прид.

Што заслужил чест, кому му се укажува чест; што се однесува на Командантот нареди да се испалат три почесни плотуни за загинатите војници. Почесна гарда. Почесен доктор. Почесен граѓанин.

телесен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на тело. Телесна тежина. Телесен развој. Телесна градба. Телесен умор. Телесни казни. Телесна температура. Телесна рана. Телесен недостаток.

совесен | прид.

Што постапува според совеста; справедлив, чесен. Совесен службеник. Совесни граѓани.

есенски | прид.

Зборот е поврзан со:

потресен 2 | прид.

Што предизвикува силна возбуда, силен емотивен потрес. Потресна сцена. Потресна слика.

бесчесен | прид.

Што е без чест; нечесен. Бесчесен маж. Бесчесна жена.

разресен | прид.

Што е со реси, што е изресен. Разресено здолниште. Разресени черги.

ексцесен | прид.

Што отстапува од вообичаените или од пропишаните законски норми на однесување, што има особини на испад или престап.