Резултати за пребарувањето: крв
крвишта
Зборот е поврзан со:
крвиште | и. ср.
Зборот е поврзан со:
крвјоса | св.
Окрвави, се облие со крв. Му го крвјоса увото на коњот.
крвоток | м.
Кружно движење на крвта преку срцето и крвните садови. Спортистите немаат проблеми со крвотокот.
скрвави | св.
Покрие, прелие со крв. Го скрвави од ќотек.
крви се | несв.
Се тепа, крваво се кара со некого. Со години се крвеа за наследството.
свекрва | ж.
Мајка на сопругот. Добра свекрва. Зајадлива свекрва. Свекрва и снаа.
крвавица | ж.
Вид колбас од свински ситнеж и засирена крв. Крвавиците беа убаво испржени.
крвопиец | м.
Тој што безмилосно искористува некого; бездушник, нечовек. Ненароден крвопиец.
закрвави | св.
Почне да крвави. Раната повторно закрвави.