Резултати за пребарувањето: лак
сајгилак | и.
Почитување, уважување.
бовчалак | м.
Бовча со подарок што го подготвува невестата за сватовите. Тука зетот го даруваат со бовчалак.
јавашлак | м.
Мрзливост, неуредност, немарност. Беше лут поради јавашлакот или намерното изоставање.
чуруклак | м.
Расипаност, гнилост.
џепарлак | м.
Пари наменети за ситни потреби. Џепарлакот го троши за слатки и кафе.
исплакне | св.
Заврши со плакнење. Ги исплакна чиниите.
арамилак | м.
Кражба, разбојништво. Живееше од арамилак.
пазарлак | м.
Пазарење, договорање за купопродажба. По пазарлакот со нив,сакаа да го измолат да им ја даде пазарената стока на кредит.
заплакне | св.
Измие нешто набрзина, згора-згора. Таа ги заплакна чашите и ги нареди на масата. Тој си го заплакна лицето на кладенецот.
сарафлак | м.
Занимање на сараф. Сарафлакот слабо му одеше.