Резултати за пребарувањето: лак

џепарлак | м.

Пари наменети за ситни потреби. Џепарлакот го троши за слатки и кафе.

шеретлак | м.

Итрина, итроштина, препреденост, пакосна шега. Неговите шеретлаци беа прочуени. Шеретлаците што ги правеше таа не се трпеа.

дупачлак | м.

Потсмев, мајтап. Добар е за правење дупачлаци.

лактиште | ср.

Еден од шесте делови од дрвениот круг на тркалото.

лакти се | несв.

Се пробива, си прави пат на груб начин (удирајќи со лактите).

софралак | м.

(арх.) Платно што се ставало под софрата како заштита од валкање на простирките.

лаксатив | м.

Средство за прочистување на цревата.