Резултати за пребарувањето: лак

далакосан | прид.

Што боледува од далак. Во стомакот чувствува тежина, далакосан е.

бојаџилак | м.

Бојаџиски занает, бојаџиство. Од бојаџилак денес не се живее.

подлактен | прид.

Глаголска придавка од подлакти.

подлактен | прид.

Што се наоѓа меѓу лактот и дланката на раката. Подлактни коски.

лакомарки

Зборот е поврзан со:

шлаканица | ж.

Удар со дланката обично врз образот на лицето. Таа му влепи една шлаканица. Ако му врзеш две-три шлаканици , ќе се смири.

плакатира | св. и несв.

Стави, става плаката. Момчињата ги плакатираа ѕидовите на зградата.

пишманлак | м.

Каење, откажување од некаков договор.

ѓупштилак | м.

Лошо, недолично однесување.