Резултати за пребарувањето: лен
магистрален | прид.
Што се однесува на магистрала. Магистрален пат.
манијакален | прид.
Што има манија.
материјален | прид.
Што се однесува на материја, што е од материја; физички. Материјален свет.
меморијален | прид.
Што е направен, изграден за спомен, за сеќавање. Меморијален споменик.
менструален | прид.
Што се однесува на менструација. Менструален циклус.
меркантилен | прид.
Што се однесува на трговија, трговски. Меркантилна стока.
многуаголен | прид.
Што има многу агли.
натколеница | ж.
Делот од ногата над коленото, бут. Вежби на мускулите на градниот кош, на стомакот, на натколеницата, на потколеницата и на стапалото.
незадоволен 1 | прид.
Што не е задоволен, на кој нешто му недостига. Незадоволени барања. Незадоволени желби. Незадоволени потреби.
незадоволен 2 | прид.
Што не е задоволен од нешто, на кој нешто му пречи, што не чувствува задоволство. Го остави весникот незадоволна од статијата. Незадоволни работници. Незадоволна публика.