Резултати за пребарувањето: лен

вокален | прид.

(грам.) Што се однесува на вокал Вокалниот сегмент е носител на слогот.

сенилен | прид.

Душевно и телесно опаднат, изнемоштен поради старост. Сенилна старица.

коленик | м.

Полско тревно растение со непријатна миризба; Bifora radians.

несолен | прид.

Што не е солен, што е без сол или што е недоволно солен. Несолено сирење. Несолено јадење.

пожелен | прид.

Што одговара на желбите, сакан, посакуван. Пожелен настан. Пожелно присуство. Пожелна состојба.

локален | прид.

Што е ограничен на едно место, што е својствен за една средина; местен. Локален говор. Локалниот сообраќај. Локална анестезија.

разлени | св.

Поттикне, предизвика некого да стане безволен и мрзелив. Таа многу ги разлени децата.

лојален | прид.

Што ги почитува законите, вообичаените норми.

витален | прид.

Што е полн со живот, отпорен, животоспособен. Витален старец.