Резултати за пребарувањето: лен
селенит | м.
Во научно-фантастичната литература ‒ жител на Месечината.
очиклен | прид.
Вешт, снаодлив. Детето беше бистро, очиклено.
легален | прид.
Што е во согласност со законот, што е дозволен; законски. Легална организација. Легален наследник.
палента | ж.
Густа каша од пченкарен гриз.
сенилен | прид.
Душевно и телесно опаднат, изнемоштен поради старост. Сенилна старица.
косилен | м.
Лековита трева во вид на мала елкичка, коњско опавче, раставиче; Equisetum hiemale.
виделен | прид.
Што е сјаен, светол. Ваква виделна ноќ со месечина одамна немало.
паленик | м.
пеколен | прид.
Што се однесува на пекол. Деветтиот пеколен круг.
метален | прид.
Што е направен од метал или што содржи метал. Метална конструкција.