Резултати за пребарувањето: лен
гувеален | прид.
Што е за гувеење. Гувеална кошула.
нагалено | прил.
Од милост, од голема љубов. Името му е Александар, ама нагалено го викаат Аце.
зеленика | ж.
Вид постојанозелено украсно растение што расте како грмушка или ниско дрво; Buxus sempervivens. Го поминаа ридот и влегоа во густи смреки и зеленики.
мускулен | прид.
Што се однесува ма мускул. Мускулно влакно. Мускулно ткиво. Мускулна активност. Мускулни движења.
присилен | прид.
Што е со сила, под притисок на сила, принуден. Присилна работа. Присилни мерки.
патролен | прид.
Што е наменет за патрола. Патролна служба. Патролен чамец.
астрален | прид.
Ѕвезден, што потекнува од ѕвезда. Астрален објект.
премален | прид.
Што е исцрпен од глад, од работа и сл. Премален старец. Премален од работа.
звателен | прид.
препален | прид.
Што е многу уплашен. Препален од ѕверот.