Резултати за пребарувањето: лен

жален | прид.

Што изразува жал. Жален поглед. Жален глас. Жален израз на лицето.

пулен | м.

Ученик, питомец или следбеник.

здолен | прид.

За облека – што е под нешто. Здолна маица. Здолна облека.

омилен | прид.

Што е сакан, допадлив, популарен. Омилена песна. Омилено јадење. Тој беше омилен меѓу своите другари.

овален | прид.

Што има форма на јајце, што е јајчест, елипсовиден. Овална маса. Овална форма.

обилен | прид.

Што го има во големо количество, во изобилство. Обилна храна. Обилна жетва. Обилен дожд.

околен | прид.

Што е во околината, ближен, соседен. Околни села. Околни планини. Околни куќи.

опален 1 | прид.

Што се однесува на опал. Опални прстени.

Меглен | м.

Област во Егејска Македонија, Грција.

мислен | прид.

Што е резултат на мислење; апстрактен. Мислен израз.