Резултати за пребарувањето: лик

благолик | прид.

Што има благ лик, пријатен израз на лицето. Благолик, сериозен човек. Благолики деца.

доликува | несв.

Одговара, прилега, е во согласност со некого, со нешто. Нему му доликувало да се дружи со такви луѓе. Бори се како што доликува!

великани

Зборот е поврзан со:

бледолик | прид.

Што е со бледо лице. Средовечен бледолик човек. Бледолика девојка. Бледолико момче. Бледолики жители.

ликвиден | прид.

Што може со приходите да ги покрие расходите во работењето.

ситнолик | прид.

Што има ситно, мало лице. Ситнолика мома.

старолик | прид.

Што има стар лик, што изгледа стар. Старолик човек.

великиот

Зборот е поврзан со:

силикоза | ж.

Професионална белодробна болест што настанува со вдишување на силикатна прашина, карактеристична за некои занимања: рудари, каменоресци, точачи и др.

сабјолик | прид.

Што личи на сабја; сабјест.