Резултати за пребарувањето: лик
одликување | ср.
Глаголска именка од одликува.
пиликатник | м.
Специјално ограден простор на Дојранското Езеро што служи за ловење риби со помош на езерските птици.
почурулика | св.
Чурулика малку, некое време. Птиците почуруликаа и летнаа кон небото.
публикувач | м.
Тој што публикува. Тој се јавува како публикувач на македонски народни песни и приказни.
сликарница | ж.
Просторија, место, дуќан, во која се чуваат или се продаваат слики.
сликарство | ср.
Гранка на ликовната уметност што ги предава, претставува предметите и појавите со помош на бои. Ѕидно сликарство. Средновековно сликарство.
сликовница | ж.
Книга со слики, обично за деца. Имав една стара сликовница со многу животни нацртани во неа. Сликовница со народната приказна мома Злата Позлатена".
трепетлика | ж.
Листопадно дрво, вид топола, јасика; Populus tremula.
хеликоптер | м.
Летало што се движи со помош на пропелер во горниот дел на леталото, што полетува и слетува вертикално. Воен хеликоптер. Хеликоптер за брза медицинска помош. Над зградата прелетуваше хеликоптер.
беликавиот
Зборот е поврзан со: