Резултати за пребарувањето: лик

бешлик | м.

Стара турска сребрена монета од пет гроша. Куп бели меџидии, бешлици, златни лири.

колика | ж.

Силна, остра болка со грчеви што се јавува нагло во стомачните органи. Знаците на труење се: повраќање, колика, дијареја и др.

дволик | прид.

Што има два лика, две лица.

сликар | м.

Ликовен уметник. Сликар на пејзажи (портрети, мртва природа). Академски сликар.

реликт | м.

Нешто што е зачувано од минатото како посебна вредност и реткост, раритет. Историски ортографски реликт. Лексички реликт.

терлик | м.

Вид плетени или шиени волнени домашни обувки.

изблик | м.

блик. Тап пукот на грлото на шишето, потоа изблик на жолта пенлива течност.

восклик | м.

Глас или збор со кој се изразува возбуда, изненаденост и сл.; извик. Емотивен восклик. Восклици на воодушевеност.

беликав | прид.

Беликав чад. Беликава фонтана. Беликави мразулци. Беликави камења.

пеликан | м.

Крупна водна птица со долг врат и голем клун под кој виси ќесе за собирање риби како храна; Pelecanus onocrotalus.