Резултати за пребарувањето: мед
мед 1 | м.
Слатка, густа течност што ја произведуваат пчелите од сокот на цветовите. Шумски мед. Мед од костен.
мед 2 | м.
Бакар.
медал | м.
Метална тркалезна плочка, закачена на платнен дел што се прицврстува на облека или униформа, што се дава како награда за посебни заслуги. Медал за храброст.
меден 2 | прид.
Што се однесува на мед2; бакарен.
меден 1 | прид.
Што содржи мед. Медени колачиња.
медар | м.
Производител и продавач на мед.
Медина | ж.
Град во Саудиска Арабија.
медиум | м.
Средина во којашто некој или нешто се наоѓа.
замеди | св.
Заслади со мед. Го замеди чајот.
медуза | ж.
(мит.) Жена што на главата наместо коса има змии.