Резултати за пребарувањето: нос
носло | м.
Тој што има голем нос.
носен 3 | прид.
Што припаѓа, што се однесува на нос. Носна преграда. Носна празнина. Носни отвори.
носач | м.
Тој што носи, што се занимава со носење, со пренесување.
носле | ср.
носов | прид.
Што е во врска со носот; глас што се артикулира при минување на воздушната струја низ носот. Носова самогласка. Носов изговор.
носен 2 | прид.
Што е носен, што некој го носел. Носениот џемпер. Носени панталони.
сноси | несв.
Поднесува, издржува, прима врз себе нешто. Сноси одговорност. Сам ја сноси вината. Тие ги сносат трошоците.
носија | ж.
Традиционална народна облека од домашна изработка, карактеристична за дадена етничка заедница или за дадена област. Македонска носија. Мариовска носија.
доноси | св.
Носи нешто до крај, додека требало или додека можело да се носи. Вреќата беше претешка, одвај ја доносив до дома.
носила | и.
Вид подвижно легло, обично на расклопување, за пренесување болни, ранети.