Резултати за пребарувањето: нос

идност | ж.

Време што настапува, што доаѓа по сегашноста.

заноси | св.

Почне да носи, да има нешто кај себе, на себе. Дури сега го заносив новиот костум.

поноси | св.

Носи на себе облека, алишта извесен период. Палтото може да го поноси уште оваа есен.

носило | ср.

Направа за пренесување мртовци. Зад носилото имаше двајца свештеници, неколку жени и мажи.

износи | св.

Изветви облека или обувки со носење, употреба до крај. Износи едно рало чевли од зетот.

абонос | м.

Вид црно, тврдо тропско дрво од кое се прави мебел, сувенири, уметнички предмети и др. Прозорец од абонос.

носила | и.

Вид подвижно легло, обично на расклопување, за пренесување болни, ранети.

пренос | м.

Пренесување, превоз од едно место на друго. Извршија пренос на старите автомобили.

доноси | св.

Носи нешто до крај, додека требало или додека можело да се носи. Вреќата беше претешка, одвај ја доносив до дома.