Резултати за пребарувањето: нос

носилка | ж.

Преносна направа за луѓе, обично затворена со завеси, прицврстена на два паралелни држачи за носење.

носовка | ж.

Носова самогласка.

садноса | св.

Добие садно. Магарето садноса од претешкиот товар.

враноса | св.

Поцрни. Сончогледите беа враносани.

расност | ж.

Севкупност на добрите особини, одлики на една раса (кај животните); . Расноста кај коњите е услов за успешно грло. Расноста кај говедата е многу важна. Свињи со добра расност.

износок | м.

Мало деформирано јајце, кое, според народното верување, претскажува несреќа.

разноси | св.

Со носење (чевли, облека) направи да стане приспособено кон телото, удобно за носење. Девојчето ги разноси новите чевли. Разноси го фустанот и ќе се пушти.

ревност 1 | ж.

Приврзаност кон работата, трудољубивост, големо залагање, грижа за успех, совесност и сериозност. Строга ревност. Нагласена ревност.

месност | ж.

Место, населба, предел, крај. Месноста беше густо населена.