Резултати за пребарувањето: оглав

песоглавец | м.

Во народните приказни ‒ човек со изглед на чудовиште, со глава слична на пес, со едно око на челото, а друго на тилот.

вртоглавец | м.

Налудничав, мрднат, неразбран човек.

ошумоглави | св.

Направи некој да не биде сосема при свест (со удар, со опивање итн.). Ударот од стапот ме ошумоглави. Претераното веселење може да го ошумоглави човека.

дебелоглав | прид.

Што тешко сфаќа, прифаќа, што тешко разбира што му се кажува.

тројноглав | прид.

Што има три глави, триглав

белоглавец | м.

За човек – тој што е белоглав, побелен, старец. Слушај и послушај што ќе ти каже еден белоглавец! Во првиот ред седеа белоглавци.

тапоглавец | м.

Тој што тешко сфаќа, глупак.

двоглавиот

Зборот е поврзан со:

среброглав | прид.

Што има глава со побелена коса како сребро, среброкос.

вртоглавци

Зборот е поврзан со: