Резултати за пребарувањето: око

окопити | св.

Освести, поврати некого, направи некој да си дојде на себеси од страв, возбудување и сл. Го фати за раменици, го стресе и го окопити.

белокор | прид.

За растение – што има бела кора. По мазното стебло на белокората топола во врвица се качуваа големи мравки. Притаено зашумеа белокорите буки од блиската шума.

соколар | м.

Тој што чува и одгледува соколи за лов.

осоколи | св.

Влее некому храброст; охрабри. Командантот ги осоколи регрутите.

црнокож | прид.

Што има црна, црникава кожа. Црнокожо дете.

злокоби

Зборот е поврзан со:

кокошки

Зборот е поврзан со:

проколве | св.

Почне да колве за првпат или по определен прекин. Пилињата проколваа од житото.

испоколе | св.

Заколе повеќе животни или луѓе.

околчест | прид.

Што е со тркалезна форма. Околчесто лице. Околчести очи.