Резултати за пребарувањето: око
окози | св.
За коза – донесе на свет јаре. Козата окози две јаренца.
околу | предл.
Со пространствено значење – опкружување, заобиколување на некого или нешто. Децата испоседнаа околу учителот. Околу куќата ќе насадам жива ограда.
околу | прил.
Во околината. Куќата беше одделена од другите, а околу заградена со високи дрвја. Сите изнаседнаа околу-наоколу
нокот | м.
Тврд рожен израсток на горната страна од прстите на рацете и нозете.
кокос | м.
(бот.) а) Висока тропска палма, со крупен плод во вид на голем орев со цвста, влакнеста кора, одвнатре со бела и тврда маса, исполнет со белузлава течност. б) Плод на кокосова палма, кокосов орев; Cocos nucifera.
одоко | прил.
Приближно, оценето со поглед, неоценето на соодветен начин, неизмерено со соодветно средство за мерење. Имаше дваесет луѓе, одоко кажано. Одоко има десет килограми јаболка.
окоси | св.
Заврши со косење, искоси трева. Ги окосија ливадите.
окове | св.
Стави окови некому. Ги оковаа затворениците.
покор | м.
Покорност, покорување. Падна под покор.
окопи
Зборот е поврзан со: