Резултати за пребарувањето: оро
горолом | м.
Планинско место каде што ветрот ги турнал или ги навалил дрвјата. Во габеровата гора негде имаше густеж, негде горолом.
пророси | св.
Зароси малку, кратко време; Попладнево пророси малку.
порочен | прид.
Што е со некаков порок; неморален. Порочен човек.
поскоро | прил.
Компаратив од скоро; побрзо. Брзав да се оддалечам што поскоро од овој град. Сакаше поскоро сѐ да сврши, отколку да одлага многу-многу.
горовит | прид.
Што е обраснат со шума; шумовит. Трчаат елени низ горовит предел.
короман | м.
Големо парче леб. 'Ржан короман. Куќата да има короман и спокојство.
орограф | м.
Лице што се занимава со орографија.
мачоров | прид.
Што припаѓа на мачор. Мачоров опаш.
жаборок | м.
орогуши | св.
Удри некого по глава што да му се појави џумка како рог.