Резултати за пребарувањето: очи
предочи | св.
Даде до знаење, обрне внимание на нешто; предупреди. Им ја предочив тешката положба. Му го предочи ризикот од нови вложувања. Им ги предочија сите опасности.
преточи 1 | св.
Со точење прелее течност од еден сад во друг. Виното го преточи во шишиња.
оданочи | св.
Воведе данок; определи износ, висина на данок. Владата го оданочи увозот на земјоделски производи.
злочини
Зборот е поврзан со:
поплочи | св.
Покрие, обложи со плочки. Оваа година ќе се поплочи шеталиштето во градот. Тој го поплочи подот во ходникот.
почисти | св.
Чисти малку, кратко време.
насрочи | св.
Определи ден на судска расправа. Предметот го насрочија за идниот четврток.
надрочи | св.
За плод – нарасне, стане крупен, јадар, зрел.
починат | прид.
Што е умрен. Попот кажа молитва за покој на душите на починатите.
сведочи | несв.
Информира, потврдува нешто како сведок. Сведочеа неколку сведоци на несреќата. Ќе сведочам дека таа е виновникот.