Резултати за пребарувањето: плод
оплоден | прид.
Што служи за оплодување, за размножување; што се однесува на оплодување. Оплодни органи. Оплодна моќ.
плодник | м.
Орган за размножување во цветот на растението каде што се врши опрашувањето и се развива плодот. Кај цветот на виновата лоза прашниците се во височина на плодникот.
оплодат
Зборот е поврзан со:
плодови
Зборот е поврзан со:
плодоред | м.
План за искористување на вегетативна средина, пред сè климата, почвата, по пат на планско менување на културите по време и простор.
неплоден | прид.
Што не е плоден, што не раѓа, не се размножува. Неплодна кобила. Неплодна почва.
заплодат
Зборот е поврзан со:
плодиште | ср.
Место каде што се врши плодење. Неколку стебленца пченка се излезени од едно место, од едно плодиште.
плодница | ж.
Дел од плодникот каде што се врши оплодувањето. Цутот на лозата има плодник со плодница и толчник.
расплоди | св.
Размножи во големо количество. Квачката расплоди пилиња.