Резултати за пребарувањето: под
подзбере | св.
Донекаде збере, собере нешто расфрлано. Ги подзбра алиштата на куп и ги пикна во плакарот.
поддувне | св.
Дувне малку, во некоја мера. Ветерот поддувна од морето.
поддршка | ж.
Поддржување, прифаќање на нечии идеи, настојувања, работа, дејствување и сл.; потпора, поткрепа Березервна поддршка. Дадовме поддршка на таа иницијатива. Твојата поддршка ми е многу важна.
господов | прид.
Што му припаѓа на господ, што се однесува на господ. Господова работа.
подреден 1 | прид.
Што е нареден по некој систем, по некој ред. Убаво подредените книги ги чекаа своите читатели.
подбради | св.
Забради шамија или шал врзувајќи ги краиштата под брадата.
подрасне | св.
Малку порасне, порасте. Подраснале децава. Брадата ми подраснала, треба да се бричам. Пилињата подраснале, стасале за колење.
поддојде | св.
Одејќи, се приближи малку или уште малку.
подделне | св.
Делне малку, слабо, само донекаде;
подбрада | ж.