Резултати за пребарувањето: под
подбие | св.
Набие нешто во основата. Го подбил ѕидот.
подбив 2 | м.
Подлога, темел.
подвир | м.
Место каде што се збира слаба вода, каде што водата се вири.
подвив | м.
Раб на облека. Подвивот на здолништето се отшил.
подава | несв.
подвои | св.
Раздвои, подели на две, разедини. Одлуката на директорот го подвои колективот на две.
подапе | св.
подави | св.
Удави сите, сè со ред;
подвез | м.
Вид вез на женска народна носија. Таа имаше кошула со подвез од колковите до икрите на нозете.
подвиг | м.
Херојско дело извршено под тешки услови со многу жртви и откажувања, со голема пожртвуваност. Јуначки подвиг. Тоа е вистински подвиг. Подвиг достоен за почит.