Резултати за пребарувањето: под

подземје | ср.

Просторија што е под површината на земјата. Во подземјето на џамијата се гаси жарта во мангалите.

подземен | прид.

Што е под површината на земјата. Подземни води.

подгризе | св.

Со гризење оштети одоздола. Глувците го подгризале килимот.

подрипне | св.

Рипне еднаш или малку. Тој подрипна од столчето кога чу што се случило. Коњите подрипнаа збоднати од пајтонџијата.

подржави | св.

Направи да биде државно. Го подржавија полето.

подмачка | св.

Намачка тенок слој средство за подмачкување. Мајсторот ја подмачка машината за шиење и сега работи како нова.

подисипе | св.

Исипе, излие малку, донекаде. Подисипа од чашата пред да му ја подаде на детето да се напие вода.

подделне | св.

Делне малку, слабо, само донекаде;

подзбере | св.

Донекаде збере, собере нешто расфрлано. Ги подзбра алиштата на куп и ги пикна во плакарот.