Резултати за пребарувањето: под

подмлачи | св.

Смлачи, стопли малку, донекаде. Го подмлачи јадењето.

подземје | ср.

Просторија што е под површината на земјата. Во подземјето на џамијата се гаси жарта во мангалите.

подземен | прид.

Што е под површината на земјата. Подземни води.

подгризе | св.

Со гризење оштети одоздола. Глувците го подгризале килимот.

антипода

Зборот е поврзан со:

поднадуе | св.

Надуе малку, донекаде. Ја поднаду издишаната автомобилска гума, колку да може да вози до дома.

подрипне | св.

Рипне еднаш или малку. Тој подрипна од столчето кога чу што се случило. Коњите подрипнаа збоднати од пајтонџијата.

подрмоли | св.

Дрмоли малку, кратко време. Го подрмоли детето да каже, ама тоа само молчеше.

подробен | прид.

Што е со многу подробности, детален, исцрпен. Подробен извештај. Подробни податоци. Подробни информации.

подметов | прид.

Што се однесува на подмет, што му припаѓа на подмет. Подметови додатоци.