Резултати за пребарувањето: под

подзарасне | св.

Почне да зараснува по малку, донекаде. Нека подазарасне малку раната.

подзарамни | св.

Зарамни малку, згора-згора. Тој ја подзарамни леата и почна да сади кромид. Таа го подзарамни фустанот, се изгледа од сите страни и излезе надвор.

подничарка | ж.

Крпа со која се брише подницата.

поддајте

Зборот е поврзан со:

поднесувач | м.

Тој што поднесува барање, поднесок, молба или друг документ до државен орган, фирма и сл. Поднесувачот треба да уплати пари на жиро-сметка.

поднебесен | прид.

Што е под небото, многу високо. Поднебесен свод.

подзапраша | св.

Запраша малку, донекаде. Таа подзапраша за соседот, ама кога не доби одговор, не запраша уште еднаш.

подвенал

Зборот е поврзан со: