Резултати за пребарувањето: поп
попрати | св.
Придружи некого до некаде; испрати 3. Тој ја попрати до дома. Детето го попратив војник.
попраши 1 | св.
Покрие, потури со прав; крене прав; запраши 1, напраши.
попречи | св.
Спречи некого во намерите; стане пречка, оневозможи нешто да се изврши. Тој не ќе ги попречи нејзините деца да одат на училиште. Дождовите попречија да се собере од нивата житото. Сепак тој може да ни попречи и сите планови да ни се изјаловат.
поповче | ср.
Попово дете.
попишти | св.
Пишти малку, кратко време.
попарен | прид.
Што е потурен со врела вода.
попреку | прил.
напреку. Откако го изоде попреку сиот двор, застана под сенката на едно дрво.
попадии
Зборот е поврзан со:
попишка | св.
Офка, лелека од болка некое време.
попраша | св.
Праша некого; потпраша. Тој ги попраша за патот.